Утре и задутре од 7 до 17 часот ќе има времен сообраќаен режим на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со булевар „8 Септември“ до крстосницата со улица „Московска“.
Времениот режим е поставен поради изведба на градежни активности – попречни прекопи за поставување на подземна инсталација.
Град Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.