Дизајниран од архитектонското студио Arkitema Architects, објектот опслужува основно училиште, чиј конструктивен метод интегрира самоодржливост и строга регулација на емисија на CO2.
Училиштето се карактеризира по својата разиграна црвена фасада, надворешните катчиња за едукација и кровната покривка која креира идеални можности за инсталација на соларни панели и северно зенитално осветлување. Привлечната, динамична, колоритна и живописна експресија се наоѓа во непосредна релација со зеленото опкружување и природната светлина, стимулирајќи ја убавината на едукацијата и предизвикувачката средина, како за учениците така и за возрасните.
Срцевината на објектот се одликува со динамична форма и волуменозен простор, каде основен фокус претставуваат монументалните мултифункционални скали. Дополнително, скалишното јадро и платформата креираат пристап кон едукацискиот центар, непречени погледи кон главниот хол, како и конекција помеѓу аулата и зоната за професори.