Познатата американска фирма ODA Architecture, нè враќа во иднината, со својот најнов дизајн за облакодер во Њујорк.
Се работи за проект на објект во којшто горната половина од зградата ќе има високи процепи помеѓу секој втор кат, а ќе бидат поделени со бели греди. Просторите меѓу катовите ќе бидат претворени во приватни и отворени скулпторски градини.
„Во Њујорк, секој ден имаме се помалку отворен простор и сето тоа станува неприфатливо. Затоа, моравме да пронајдеме ново решение за овој проблем, кој силно ќе не победи ако не работиме на него. Ова ќе биде како живот во предградијата, само без дворишта“, објасни директорот на ODA Architecture, Еран Шен.
„Сите веќе постоечки облакодери, кои не поседуваат ваков вид на градина, ќе изгубат на својата вредност“, уверени сме во тоа.
Нивниот облакодер, висок 180 метри, ќе има 41 кат. Долниот дел од зградата ќе биде посветен на еднособни и двособни станови, додека единиците коишто ќе окупираат цели катови, ќе бидат распоредени во нејзиниот втор, горен дел.
Становите што ќе зафаќаат цел кат ќе имаат околу 280 м2 простор, со градини кои ќе бидат на површина од околу 140 м2.
Се разбира, пентхаусот е најгламурозниот дел од овој концепт, бидејќи тој ќе биде целосно приватен и дизајниран како лична оаза на неговиот сопственик.