Насловна / Архитектура / Приватна вила во тропски пејзаж

Приватна вила во тропски пејзаж

Инспирирани од модернизмот на Флорида и типологијата на американскиот стаклен павилјон, архитектонското студио Brillhart Architecture го реализира тропското засолниште во Мајами, Флорида.

тропска-куќа-1

Објектот е подигнат од нивото на земјата, а предната фасада е целосно застаклена со четири големи лизгачки врати, овозможувајќи вилата да биде целосно отворена кон дворот со површина од 75 м2. До дворот се пристигнува преку трем со цел да се овозможи заштита од бујната вегетација околу објектот што е поставен централно во парцелата.

тропска-куќа-12

тропска-куќа-4

Тектониката, материјалите и конструкцијата се примарниот интерес на архитектот. Во земја каде што бетонот е главен конструктивен материјал, тој се определува за поодржлива конструкција од челик и стакло, со додавање на елементи од дрво.

тропска-куќа-5

тропска-куќа-9

Малата, едноставна и практична вила истовремено е скромна и богата од културолошки аспект. Таа се обидува да ја зголеми ефикасноста, прсторот и енергијата, со употреба на материјали кои имаат помала потрошувачка.

тропска-куќа-3

тропска-куќа-2

тропска-куќа-8

тропска-куќа-10

тропска-куќа-11

Испрати коментар

Scroll To Top