Компанијата Turing Robotics Industries го најави паметниот телефон Turing Monolith Chaconne, кој судејќи по своите карактеристики ќе биде „вистински змеј“ меѓу мобилните уреди. Мобилниот ќе има екран со големина од 6.4 инчи кој ќе прикажува 4Д квалитет на слика. Ќе има 3 работни мемории од по 6 гигабајти, што значи дека вкупната работна меморија ќе изнесува 18 гигабајти.
Ќе биде составен од 3 „Snapdragon 830“ процесори, а внатрешниот простор за складирање ќе биде 3 пати по 256 гигабајти, со можност да се прошири на уште 512 гигабајти преку мемориска картичка. Се шпекулира дека „чудото од мобилен телефон“ ќе излези на почетокот на 2018 година, но многумина се сомневаат дека тој ќе биде достапен за слободна продажба.