Современ дизајн за новиот милениум пристигнува во препознатливата остра технологија на Movado часовниците.
Часовникот е дизајниран за платформата Android Wear 2.0., а ќе биде достапен во околу 100 фасцинантни верзии. Секој бројчаник го истражува легендарниот заштитен знак на Movado – точка во брилијантни нови бои, димензии и детали.
Movado Connect нуди модерно дизајнирана естетика со мазни кристални рабови. Во комбинација со најнова технологија, благодарение на овој уред ќе ви бидат достапни илјадници апликации, а часовникот е интегриран со Google fit и health апликации со компатибилност и Google Assistant апликација за вршењe на разни задачи, добивање на одговори и потсетување.
„Со комбинирање на софтвер и стручноста за изработка на часовници заедно со дизајнот, успеавме да создадеме функционален часовник, со прекрасен изглед, кој ќе го олесни секојдневниот живот на неговите корисници“, изјави Дејвид Синглтон, потпретседател на Android инженеринг на Google.
Новата возбудлива колекција пристигнува оваа есен во пет различни машки стилови со ремен или нараквица.