Насловна / Вести / Пристига нов модел на вештачка интелигенција

Пристига нов модел на вештачка интелигенција

Компанијата Meta, сопственикот на  Facebook, објави модел на вештачка интелигенција кој може да издвои поединечни објекти во склоп на сликата, заедно со збир податоци во врска со нив. Истражувачкиот отсек на компанијата соопштил дека нејзиниот модел Segment Anything Model (SAM), можел да идентификува објекти на сликите и видео снимките, дури и во случаите кога нема сретнато такви ставки во својата обука. Користејќи SAM, објектите можат да се бираат со клик на нив или со прашања.

meta1

Големите технолошки компании зборуваат за своите откритија во областа на вештачката интелигенција откако ChatGPT стана сензација минатата есен, поттикнувајќи низа такви инвестиции во трката за доминација. Meta иницирала неколку такви функции кои применуваат тип на генерација на вештачката интелигенција која ја популаризираше ChatGPT.

meta2

 

Испрати коментар

Scroll To Top