Денес, Општина Карпош почна со изградба на пет пристапни рампи за лица со посебни потреби во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош” во населбата Карпош 1. Соопштија од општината. Четири пристапни рампи ќе бидат поставени на влезовите, а петата во внатрешниот дел во училиштето.