Насловна / Вести / Приштина го одбила предлогот на Србија да менуваат „струја за јаглен“

Приштина го одбила предлогот на Србија да менуваат „струја за јаглен“

Косовските власти го одбија предлогот на претседателот на Србија, Алекасндар Вучиќ, според кој Србија би испорачала електрична енергија на Косово, во замена за јаглен. Албин Курти оваа одлука ја оправдува со непризнавањето на Косово од страна на Србија, како и со недистанцирањето на српските власти од Владимир Путин.

jaglen1

Имено, после декемврискиот крах во производството на јаглен и електрична енергија, Србија има сериозни проблеми да обезбеди доволно јаглен за своите термоелектрани. Владата на Србија донела одлука до крајот на 2023 година да и се дозволи на Elektroprivredа Srbije (EPS), увоз од четири милиони тони. Договорите се веќе склулени со црногорскиот рудник „Пљевља“ и со рудникот „Бановиќи“ од Босна и Херцеговина.  Но, овие количини не се доволни, па потребно е да се обезбеди јаглен и од други извори.

jaglen2

 

Испрати коментар

Scroll To Top