Според зборовите на научниците, „денот на пречекорување“ оваа година е постигнат на 13ти август, односно шест дена порано отколку минатата година. Во прашање е ден кога човечките потреби и барања ја надминуваат способноста на Земјата да се регенерира.
Со лакомото трошење на природните ресурси, луѓето успеале да ја исцрпат годишната резерва на Земјата за помалку од осум месеци. Затоа, сега сме западнати во некој вид на „еколошки долг“, пишуваат британските медиуми.
Според анализата на организацијата „Global footprint network“,во предвид е земено трошењето на земјиштето за култури, дрва за огрев, риби за исхрана итн. Исто така, анализирана е и емисијата на јаглерод во однос на Земјината способност за апсорбирање.