Американската Студија изработена во 1972 година, која предвидувала дека ресурсите за живот на Земјата ќе исчезнат до 2050 година, сега е побиена со најново истражување според кое се тврди дека сепак ресурсите ќе бидат достапни до 2100-та година., пишува Daily Mail. Последната Студија е изработена од страна на научниците од Институтот за одржливост на Универзитетот Anglia Ruskin.
До овој заклучок тие дошле по ажурирањето на компјутерскиот модел користен во 70-тите годни, со кој се прогнозирал крајот на ресусрсите на Земјата. Имено, пред четири децении научниците не ги земале предвид бројните фактори, за кои се покажало дека ни даваат уште 50 дополнителни години пред целосното исцрпување на ресурсите. На пример, индустрискиот сектор кој денес генерира пониско загадување отколку во минатото и користи помалку енергија.
Понатаму, иновациите во агрономијата овозможуваат да се одгледува повеќе храна. Но и покрај неколкуте погрешни променливи во првото истражување, и ова истражување недвосмислео покажува дека колапсот сепак ќе настане до крајот на векот. „Растот не ќе може да се продолжи во недоглед, ако се базира на материјалната конзумација, и ако не се темели на нашето разбирање дека планетата има ограничена расположивост и ограничени извори. Општеството почна да се соочува со некои проблеми со некои проблеми идентификувани уште во 1972 година, но мора да научиме од веќе постигнатото и да ги насочиме нашите напори во надминување на тие ограничувања“, се наведува на крајот од извештајот.