Насловна / Вести / Природниот гас и натаму со најголем удел во финалната порошувачка во ЕУ

Природниот гас и натаму со најголем удел во финалната порошувачка во ЕУ

Домаќинствата во ЕУ учествувале со 26,1% во финалната потрошувачка на енергија во 2018 година. Во најголем дел, во таа потрошувачка учествувале природниот гас (32,1%) и електричната енергија (24,7%), објави канцеларијата за статистика на ЕУ – Еуростат. Обновливите извори учествувале со 19,5%. Потоа следуваат нафтените деривати (11,6%) и топлинската енергија (8,7%). Најмал удел од 3,4% е покриен со јаглен и други цврсти горива. Европските домаќинства највеќе енергија трошеле за греење (63,6%).

households2

households1

 

Испрати коментар

Scroll To Top