Насловна / Вести / Природниот гас една од клучните точки на еко агендата на ЕУ

Природниот гас една од клучните точки на еко агендата на ЕУ

Priroden gas EU

Природниот гас е клучен за спроведување на амбициозните цели кои ЕУ си постави за време на конференцијата за климата во Париз на крајот на 2015 година. Тоа го коментираат од Норвешката нафтена и гасна асоцијација, цитирани од Natural Gas Europe.

Според организацијата природниот гас ќе продолжи да носи поголеми придобивки за економијата поради сеуште недоволниот број капацитети на обновливи извори и претстојното затворање на централите на јаглен. На овој начин ова гориво ќе има урамнотежувачка улога на пазарот на енергија во Европа.

Природниот гас, иако е фосилно гориво, е идеален партнер на обновливите извори на енергија, смета директорот на климатските прашања во норвешката асоцијација Хилдегун Блиндхаим. Природниот гас има двапати пониска емисија на CO2 од нафтата и дури три пати пониска емисија во споредба со јагленот.

Priroden gas EU1

Засега е сеуште поевтино да се користи јаглен отколку гас во некои земји во Европа, особено каде што има локална екстракција. Но, на некои места употребата на гас расте, благодарение на пониската цена на горивото во моментов. Во Велика Британија на пример во првиот квартал на годината е употребен со 44% повеќе гас за производство на енергија. Во Германија повторно проработија енергетски централи што користат гас како гориво.

Слична е и ситуацијата во Југоисточна Европа – поради ниските цени на гасот повторно работат гасни енергетски централи во Италија и Грција, што е еден од факторите за двојното намалување на извозот на струја од Бугарија.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top