Најголем дел од времето го поминуваме во затворено. Токму затоа, и квалитетот на воздухот во просториите е многу важен. Природниот филтер за воздух “Andrea” користи билки кои го прочистуваат воздухот во просторијата. Овој едноставен изум е дело на францускиот дизајнер Mathieu Lehanneur, во соработка со професорот од Харвард David Edward. Едноставноста на овој изум е во тоа што наместо скапи филтри се користи собно цвеќе. Воздухот се прочистува по природен пат, а корисникот треба од време на време да долее вода во садот. Од предната страна се наоѓа вентилатор кој го циркулира воздухот низ садот. На тој начин се обезбедува оптимално чист воздух. Главното прашање е – кои собни билки да се користат? Одговорот е едноставен – кои било. Сепак, потврдено е дека најдобри резултати даваат: Spathiphyllum, Aloe Vera и Chlorophytum comosum.