Насловна / Вести / „Природа на универзумот“ на канадската авторка Жо Ан Ланвил во Чифте амам

„Природа на универзумот“ на канадската авторка Жо Ан Ланвил во Чифте амам

Вечерва (30 март), во 19 часот, во Националната галерија на Македонија во објектот Чифте амам, ќе биде отворена изложбата под наслов „Природа на универзумот“ на канадската авторка Жо Ан Ланвил.

Настанот е организиран по предлог и во соработка со Канадската aмбасада во Белград, Р. Србија. Изложбата ќе ја отвори амбасадорот на Канада, Н.Е. Филип Пинингтон и директорката на Националната галерија на Македонија д-р Дита Старова Ќерими, а ќе може да се погледа во наредните 10 дена.pokana Jo Ann

На изложбата ќе биде презентиран дел од творечкиот опус на канадската уметница Жо Ан Ланвил, која е мошне активен графичар. Таа е коосновач на Ателјето Прес Папие и Интернационалното Биенале  за современа графика Троа – Ривириере. Имала повеќе од триесет самостојни изложби во Канада и во повеќе од десетина земји низ светот.

Исто така, добитник е на неколку награди во странство, а особено важна е Големата награда на Меѓународното биенале во Барат во Бопал, Индија, потоа наградата за најдобро графичко дело во Париз, и Почесната награда на Рексам – Меѓународното графичко биенале во Обединетото Кралство.

Изложбата „Природата на универзумот“ е изложба на дела во која уметникот се обраќа на прашања за нарушувањето на еколошката рамнотежа, и им нуди на гледачите место за да се скријат и да не бидат сведоци на уништувањето на животната средина. Посетителите ќе имаат единствена можност да се запознаат со работата на оваа атипична уметничка преку три различни медиуми – графики, цртежи и објекти.

 

Испрати коментар

Scroll To Top