Насловна / Вести / Принцот Вилијам до милијардерите: Треба да ја поправите планетата, а не да се грижите за вселенскиот туризам

Принцот Вилијам до милијардерите: Треба да ја поправите планетата, а не да се грижите за вселенскиот туризам

Принцот Вилијам смета дека најголемите претприемачи на денешницата треба да се фокусираат на спасување на планетата и решавање проблеми на Земјата, наместо развој на вселенски туризам.

Војводата од Кембриџ зборуваше за Би-Би-Си и индиректно ги критикуваше Џеф Безос, Илон Маск и Ричард Бренсон, кои изминативе месеци се натпреваруваат во развојот на комерцијални вселенски летови.

w1

„Потребни ни се најголемите умови на светот да се фокусираат да ја поправат оваа планета, а не на наоѓање ново место за живеење“, истакна Вилијам.

Клучно е, вели тој, да се фокусираме на нашата планета, а не да ги кренеме рацете и да одиме во вселената за да бараме решенија за иднината.

Во средата, холивудскиот актер Вилијам Шатнер стана најстариот човек во вселената, откако полета во суборбиталната капсула на „Блу ориџин“ – компанијата на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос.

w2

Директорот на компанијата „Вирџин“, сер Ричард Бренсон и Илон Маск, основачот на „Тесла“ и „Спејс-екс“, исто така се во трка за развој на комерцијални летови во вселената.

Во интервјуто, принцот Вилијам нагласи дека нема апсолутно никаков интерес да оди во вселената, како и дека постои „фундаментално прашање“ во врска со загадувањето кое овие летови во вселената го оставаат зад себе.

w0

Тој, исто така, предупреди на „климатска вознемиреност“ кај младите луѓе, чија иднина е во константна опасност.

Војводата од Кембриџ ги повика возрасните да се сетат колку им значело во младоста да можат да поминуваат време надвор и колку, поради загадувањето, на денешните деца детството им е поограничено.

„Би била вистинска катастрофа ако принцот Џорџ седи тука по 30 години и зборува за спасување на планетата“, истакна Вилијам.

Испрати коментар

Scroll To Top