Насловна / Вести / Принципи и препораки на ОН, за праведно користење на клучните минерали во енергетската транзиција

Принципи и препораки на ОН, за праведно користење на клучните минерали во енергетската транзиција

Климатската криза веќе донесе глобални, многу сериозни последици, а остварувањето на целта за ограничување на порастот на глобалната температура на 1,5oC е доведено во прашање, поради што се потребни итни и одлучни мерки. Со цел да се зголемат шансите за остварување на споменатата цел, на претходната Конференција на Обединетите Нации за климатските промени (COP28), постигнат е договор до 2030 година, тројно да се зголемат капацитетите за обновливи извори на енергија, како и да се удвои енергетската ефикасност.

Овој транзициски процес бара значително зголемување на побарувачката од критични минерали, кои се клучни за изградба на капацитети за производсто, пренос и складирање на електрична енергија. Така, бакарот, кобалтот, никелот, литиумот и други ресурси кои главно ги поседуваат земјите во развој во Африка, Јужна Америка и Азија, што е секако добра прилика з аунапредување на нивните економии. Но, тоа што е неопходно е да се води грижа за човековите права, посебно на автохтоните народи. Затоа, ОН оваа година основаа Панел за критични минерали за енергетска транзиција, со цел да се обезбеди оваа транзиција да биде праведна, одржлива и корисна за сите народи. Во најновиот извештај на Панелот, претставени се принципите и конкретните препораки за владите, институциите и другите заинтересирани страни за клучните минерали во критичниот момент.

Станува збор за седум водечки принципи и пет препораки кои треба да се применат со цел почитување на правото и правичноста во трката кон нулта емисии. Седумте принципи се:

  • Човековите права мора да бидат во средиштето на сите синџири на вредности на минералите. Експлоатацијата на природните ресурси не смее да се случува по цена на човековите права.
  • Интегритетот на Планетата, животната средина и биодиверзитетот мора да биде заштитен. Еколошките стандарди и регулативи се клучни за минимизирање на штетното влијание врз околината.
  • Правдата и еднаквоста мора да бидат темел на синџирот ан вредности на минералите, обезбедувајќи сите заедници и држави да имаат корист од богатството со ресурси, а не да бидат експлоатирани.
  • Развојот мора да биде поттикнат низ праведна распределба на добивката, додадена вредност и економска диверзификација. Земјите богати со ресурси, треба да ги користат овие минерали за зајакнување на домашните економии, а не само да ги извезуваат како суровини.
  • Одговорните и праведни инвестиции, финансии и трговија се неопходни со цел да се обезбеди одржлива економска транзиција и да се спречат неправдите во синџирите на вредности.
  • Транспарентноста, одговорноста и борбата против корупцијата се клучни за обезбедување на добро управување и доверба во секторот.
  • Мултилатералната и меѓународната соработка мора да бидат темел на глобалната акција, бидејќи само заедничките напори можат да ги решат сложените предизвици на енергетската транзиција, при што се промовираат мирот и сигурноста.

Со цел да се применат овие принципи во пракса, Панелот донел пет клучни принципи:

  • Формирање на висок совет од стручњаци кој би ја забрзал соработката, овозможувајќи праведна трговија и инвестиции во клучни минерали
  • Воспоставување на глобална рамка за следење, транспарентност и одговорност долж целиот синџир на вредности ан минералите, од ископување до рециклирање, со цел олеснување на корпоративната одговорност и промовирање на почитувањето на човековите права.
  • Формирање на Глобален фонд за рударско наследство, со цел да се решат проблемите на напуштени рудници, со посебен акцент на рехабилитацијата на животната средина и санација на загадените подрачја.
  • Поддршка на малите занаетчии рудари, со цел тие да станат фактор на промените, поттикнувајќи одржлив развој и заштита на животната средина.
  • Поставување на цели за ефикасност на материјалите и циркуларност долж целиот животен циклус на критичните минерали, со што би се промовирале рециклирањето и одржливата употреба на ресурсите.

 

Испрати коментар

Scroll To Top