Насловна / Вести / Пример како архитектите ослободени од личен интерес и подземни игри можат да помогнат во планирањето

Пример како архитектите ослободени од личен интерес и подземни игри можат да помогнат во планирањето

Урбанистичка стража е проект во организација на друштвото на архитекти на Нови Сад (ДаНС), со цел да се обезбеди траени и организиран формат во следење на званичните процеси на урбанистичко планирање во градот, како и спремност да се интервенира и учествува во градските планерски процедури.

нсу
Архитектите сметаат дека се сведоци на интензивна и често неконтролирана промена на градежниот простор во нивниот град. Во такви околности тимот што го води ДаНС, веќе неколку години учествува во процесите на донесување на планови во градот. Тимот учествува преку директно учество на јавните седници на комисиите за плановите, вложуваат забелешки на плановите, но и работат со граѓаните кои имале различни проблеми во своите делови на градот, поврзани со лоши плански предлози. „Со оглед на тоа дека ДаНС е стручно здружение кое припаѓа на сферата на цивилното општество, сосема логична одлука е да бидеме корективен фактор и вонинституционален глас на струката“, вели Слободан Јовиќ, претседателот на ДаНС.

нсу1
Урбанистичка стража е проект кој го иницираше Друштвото на архитекти на Нови Сад (ДаНС) во корелација со претставништвото во Белград на Фондацијата Хајнрих Бел. Идејата на проектот e преку составување на интердисциплинарен тим составен од архитекти, урбанисти и граѓани, да се следат планските документи кои се носат во Нови Сад и на стручен и правовремен начин реагира и укаже на потенцијалните лоши планерски решенија. „До правилни одлуки кој ќе бидат од корист за сите жители на Нови Сад“, вели претседателот на ДаНС.
„Континуиран мониторинг, пишување стручни забелешки, комуникација со градската администрација се со цел на изнаоѓање адекватни урбанистички решенија, организирање посебни дискусии за значајните планови, едукација на граѓаните и асистенција во пишување забелешки и излагања на јавните седници, но и учествување во јавниот медиумски простор со цел искажување на стручни ставови, ќе биде суштината на нашето делување“, вели Јовиќ и додава дека „секој кој чувствува дека со своето делувања сака и може да помогне во стручно, правилно и по мерка на човекот планирање за развитокот на Нови Сад, може да се придружи на Урбанистичката стража“.

nsu2
Први акции
Во тек се јавни увиди на неколку планови на генерална регулација за кои Урбанистичка стража припрема свои забелешки и за кои ќе предложи подобри решенија. Граѓаните можат да ги следат активностите на Урбанистичка стража на новата Facebook страна, а наскоро тоа ќе можат да го прават и на сајтот на ДаНС.
Урбанистичка стража може да помогне да добиеме подобар град. На градските институции кои носат одлуки за развитокот на градот со своето упорно и стручно делување ќе им помогнеме да донесат исправни одлуки, кои ќе бидат од корист на сите луѓе кои живеат во Нови Сад“, заклучува Слободан Јовиќ.
Ова ни укажува дека проблеми кога станува збор за урбанистичко планирање во региоонот има секаде и се слични. Ова е позитивен пример како архитектите со својата стручност можат да дадат придонес за правилно и квалитетно планирање. Во овие услови само со квалитетно и чесно вклучување на архитектонската струка во планирањето ќе се дојде до квалитетни решенија. Но ова бара добра организација, квалитетни, стручни архитекти и високо морални, ослободени од личниот интерес, бидејќи секако дека еден од условите е да не се вклучени во бизнис зделки и подеземни игри на локалната самоуправа и бизнис интересите.

Испрати коментар

Scroll To Top