Насловна / Вести / Примена на габионите во партерното уредување: декоративни ефекти во градините

Примена на габионите во партерното уредување: декоративни ефекти во градините

Зборот „габиони“ потекнуваа од стар италијански збор Gabbione што значи „голем кафез“. Габионите се модули со правоаголна форма во различни големини, а може да се исполнат со каков било вид неоргански материјали: камен, тула или бетонски остатоци при изработка на габиони за стабилизирање на земјиштето, како и со органски материјали во случај да сакаме да постигнеме естетски ефект. Кафезите се во правоаголна форма, изработени од поцинкуван не’рѓосувачки челик, обложен со поцинкувана исполна. Во зависност од ефектот што треба да се постигне се одредува и големината на отворот од исполната.26

Габионите имаат практичната употреба поради нивната лесна монтажа, а придобивките од нив се големи како што стабилизирање на почвата покрај патишта, водотеци, зајакнување на насипи, спречување на ерозија, непречено дренирање на земјиштето и сл. 1 2 4

Габионските ѕидови се многу издржливи и отпорни на атмосферски влијанија, не бараат многу средства за одржување, но потребно е да се обезбеди одвод за дренажа. При употреба на габионите, исполната со камења се врши на лице место. При исполна со камења треба да се внимава големината на камењата да не е помала од отворите на жицата.5 7

Габионите се користеле многу одамна уште пред 7.000 години кога наоѓале примена при заштита на бреговите на реката Нил. Подоцна нашле примена и за поставување воени тврдини.8 9 10

Во денешно време примената на ваквите системи е сè поголема во партерното уредување на јавните и приватните објекти. Покрај основната функција, денес многу често се среќаваат изработени со далеку помали димензии од оние кои имаат практична примена, пред сè за постигнување на одредени декоративни ефекти во градината. Така на пример сè почесто се употребуваат за изработка на огради, каде ширината на кошницата може да биде и 20 см, а функцијата е само да се направи параван кон надворешниот свет. Исполната во тој случај може да биде од еден или повеќе типови камења во различни бои со што се постигнува многу естетски ефект. Исто така како исполна може да се користат и необработено дрво и друг органски материјал. Многу силен ефект се постигнува кога оградите се изработуваат од габиони во комбинација со дрвени прегради.11 12 13

Освен како огради може да се среќаваат и како дел од градинарски мебел, преградни ѕидови во градините за одделување на одредени делови, скари, огништа, жардиниери. Креативноста на дизајнерите е отидена до тој степен што габионите покрај стандардната форма почнуваат да се изработуваат по мерка во различни форми. При изработка на жардиниери многу важно е одвнатре странично да биде поставен водонепропустен материјал за да не дојде до мешање и валкање на камењата со земјата, додека дното да остане пропустно за дренажа на вишокот вода.

Подготви: Филип Филипоски, дипл. шум. инж.

БИРО ПРОЕКТ, ДООЕЛ Скопје

14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 27 28 29 30 31 32 34 36 37 38 39+ 40 45 46 55

 

Испрати коментар

Scroll To Top