Изложеност и оштетувања на коловозните плочи на мостовите и други објекти од патната сообраќајна инфрастуктура
Како последица на нивната местоположба и намена, мостовите и другите инфраструктурни објекти во текот на експлоатацијата се изложени на постојани динамички товари од сообраќај, екстремни зимски и летни температурни влијанија (-20 до +40°С), атмосферски влијанија, мраз, соли за размрзнување и карбонизација. Ваквата изложеност е особено изразена на коловозната (хоризонтална) АБ плоча која директно ги прима и пренесува товарите од сообраќајот, и на која најдолго се задржува водата која во зимски услови може да замрзне или да биде заситена со хлориди (од солта за размрзнување). Влијанието на мразот и солта е особено интензивно доколку асфалтот и системот за хидроизолација на мостот се оштетени и нефункционални.
Како последица на ваквата изложеност, при санација на мостовите (при отстранување на асфалтот), видливи се значајни оштетувања на бетонот на коловозната плоча, изложена кородирана арматура, траги од протекување на вода. При самото машинско отстранување на асфалтот, често доаѓа до несакано оштетување на заштитниот слој на бетонот и изложеност на арматурата.
При санција на ваквите оштетувања ка коловозните плочи на мостовите потребно е да се применат материјали кои ке ја вратат формата и носивоста на АБ конструкцијата и ќе спречат повторна појава на оштетувања при понатамошната експлоатација на објектот. Ваквите материјали треба да соодветствуваат со Европскиот стандард за санација и заштита на АБ конструкции EN1504-3, во највисоката класа (R4) на санациони малтери наменети за конструктивна санација.
Во праксата за санација на ваквите позиции најчесто се применуваат два типа на репаратурни малтери:
- Конструктивни Репаратурни Малтери на база на хидраулични врзива (полимер-цементни малтери), вообичаено при санација на пресеци со дебелина над 10 mm.
- Конструктивни Репаратурни Малтери на база на реактивни врзива (епоксидна смола + кварцно полнило), вообичаено при санација на пресеци со дебелина од 0 до 20 mm.
Во прилог е прикажан пример на санација на коловозните плочи на објектите на автопатот Алексинац-Ражањ во Р.Србија. Изведувач на работите е кинеската фирма Синохидро, а применет е епоксиден санационен малтер АДИНГПОКС РМ, производ на Адинг од Скопје.
САНАЦИЈА НА МОСТ, АВТОПАТ АЛЕКСИНАЦ-РАЖАЊ
Припремање на бетонската подлога на мостовите со механичко стругање и обеспрашување на подлогата:
* Пред да се започне со изведба на работите, со цел да се докажат перформансите на материјалот изработено и тестирано е пробно поле. Тестовите за атхезија покажуваат јакости над 1,5 МРа и лом во бетонот од подлогата.
Insitu изработка и тестирање на пробно поле:
Апликација на епоксиден глет/малтер, Дебелина на слоевите од 5,0 mm до 50 mm
Испитување на атхезија – добиени јакости над 1,5 МРа и лом во бетонот од подлогата
Апликација на епоксиден прајмер АДИНГПОКС 1ПВ:
Апликација на епоксиден глет / малтер АДИНГПОКС РМ:
* Преку санираната површина на свежиот епоксид се посипува кварцен песок за истата да стане рапава и да се зголеми контактната површина и атхезијата со битуменската хидроизолација која директно се поставува преку епоксидниот малтер.
Апликација на битуменска хидроизолација со варење директно на епоксидниот санационен малтер АДИНГПОКС РМ. Преку битуменската хидроизолација се поставува асфалт:
Завршно, комплетната АБ конструкција се штити од продор на вода и агресивни материи, дејство на мраз, соли и карбонизација, со примена на анти-карбонизациски заштитен премаз АНТИКОРОЗИН ББ.
Апликација на заштитен премаз на акрилна основа АНТИКОРОЗИН ББ:
Автор: Никола Узунов, дипл. град. инж., Сектор за техничка примена и пласман, АДИНГ
*Комерцијален текст