Швајцарската архитектонска фирма ROK – Rippmann Oesterle Knauss, пред извесно време го комплетираше ентериерот на оваа детска продавница во Штутгарт, Германија.
Продавницата за патики Suppakids Sneaker Boutique нуди големи колекции на детски обувки од бебешка возраст па се до пред тинејџерска. Уникатниот аранжман на ѕидот ги повикува децата да си играат на суптилно интегрираниот каскаден диск додека пребаруваат по обувките на ѕидот.
Иако оваа радосна идеја е клучен момент во дизајнот, сепак не е во фокусот на вниманието. Спротивно на тоа, патиките се во центарот на вниманието во чист и флексибилен ѕид со полици на кој му се приклучува комплетниот дизајн на продавницата, кој е развиен во различни возрасни групи.
Со челични рачки и други сврзни елементи се повразни 96 дрвени панели кои овозможуваат брза и лесна демонтажа. Заднинското осветлување создава пријатна и примамлива атмосфера која поканува да се видат производите.