Со изградбата на пречистителната станица во Прилеп, загадувањето на реката ќе се сведе на минимум, а со тоа и одгледување поквалитетни земјоделски производи.
Забрзано се спроведува проектот за замена на старите канализациони цевки и изградба на пречистителна станица тежок 17 милиони евра. Инвестицијата 85% е обезбедена со европски пари од ИПА 3 компонентата, а 15 проценти покрива државата.
Изградбата на пречистителната станица се очекува да започне ова пролет, а таа да биде завршена во 2016 година.
Според проектот во Прилеп треба да бидат поставени 70 километри нови цевки за фекална канализација, досега се заменети околу 50 проценти, а според динамиката овој проект треба да заврши во септември наредната година.
Напоредно со смената на канализациони цевки се врши и промена на водоводната мрежа, како продолжување на проектот на КФБ банката. Досега се заменети околу 100 километри водоводна мрежа.
Со ова Прилеп ќе биде еден од ретките градови кај нас каде отпадните води ќе бидат 100% пречиститени, a земјоделскопроизводство во иднина може да се сертифицира како еколошко и органско.