Прилеп по 50 години доби нова современа, според европски стандарди автобуска станица. За нејзината изградба фирмата „Пелагонија бус“ вложи 700 илјади евра.
Автобуската станица се простира на површина од над 3700 метри квадратни. Инвеститорот Горан Трпкоски од фирмата „Пелагонија бус“ вели дека се одлучиле тука да инвестираат заради тоа што општина Прилеп нуди големи поволности за инвестирање и плус во овој регион има голем број жители.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески изјави дека ова е историски ден за Прилеп, дека градот доби нова инвестиција и се отворени нови 30 работни места.
За министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој присуствуваше на денешното пуштање во употреба на автобуската станица, објектот е резултат на заложбите на Владата и Министерствoто за нови инвестиции преку продажба на државно градежно неизградено земјиште.