Насловна / Вести / Приклучница напојувана со соларна енергија

Приклучница напојувана со соларна енергија

priklucnica-prikaz

Kyuho Song и Boa Oh, од  „Samsung Art and Design Institute in Seoul“, се авторите на првата приклучница на соларна енергија. Од едната страна се наоѓа соларниот панел, а од спротивната е просторот за приклучок на кабел. Овој иновативен дизајн е претставен на настанот во Дубаи (Global Grad Show of Dubai Design Week) на 24 октомври.

priklucnica1

Оваа приклучница се полни за неколку часа со енергија од сонцето, и може да складира околу 1,000 mAh, што е доволно за одржување на светилка од 60 W во времетрање од 20 часа.  Тоа се уште не е доволно за целосно полнење на еден iPhone (батеријата на iPhone 5 има капацитет од 1,440 mAh) но се работи на усовршување на сегашната верзија на приклучницата.

priklucnica2

Секако, ваквиот пристап е навистина одржлив бидејќи ја подобрува мобилноста на многу уреди, бидејќи едноставно може да се прикачи на кој било прозорец.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top