Државното училиште за рехабилитација деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје, започна кампања под мотото „Донирајте стара хартија – за нова Брајова книга“.
Целта на акцијата е да се собере стара и неупотреблива хартија (стари книги, учебници, списанија итн.) со цел истата да се рециклира и добие нова хартија која ќе се употреби за изготвување на учебници на Брајово писмо.
Се надеваме дека ќе се приклучите во акцијата!
За достава или преземање на хартијата контакти во инбокс на https://www.facebook.com/profile.php?id=100057156893594