Насловна / Архитектура / Пријавете се за учество на 24. Салон на архитектура во Нови Сад

Пријавете се за учество на 24. Салон на архитектура во Нови Сад

Друштвото на архитекти на Нови Сад – ДаНС ги покани сите заинтересирани да ги пријават своите трудови за излагање на дваесет и четвртиот по ред Салон на архитектура во Нови Сад, кој ќе се одржи од 12. до 26. октомври 2024. година.

Оваа биенална манифестација е најзначајниот настан што ДаНС го организира како редовна програмска активност, континуирано од 1993. година, а од 2016 година, новисадскиот Салон на архитектура стана изложба од меѓународен карактер.

Овогдинешниот Салон, како петто меѓународно издание, повторно ќе направи пресек на архитектонското творештво во регионот и ќе овозможи увид во актуелните трендови и прашања, се вели во поканата на струковото здружение на архитекти од Нови Сад.

Пропозиции на Салонот

Право на пријавување имаат учесници од следните земји: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Северна Македонија, Унгарија и Романија.

Учесниците на Салонот можат да конкурираат за награди во следните осум категории:

  1. Архитектура (реализирано);
  2. Урбанистичко планирање (реализирано);
  3. Ентериер (реализирао);
  4. Конкурсни трудови и нереализирани проекти од архитектура, урбанизам и ентериер;
  5. Дигитален простор и експеримент во архитектура, урбанизам и ентериер;
  6. Студентски трудови;
  7. Публикации;
  8. Акции (за оваа категорија нема да се доделуваат награди).

Под категорија 4 се сметаат проектите кои претставуваат конкурсни, неизведени или идејни решенија, додека под категорија 5 се подразбираат дела од областа на архитектонска визуелизација, анимација, дизајн на игри, параметарски дизајн, дигитална изработка, генеративен и интерактивен дизајн и слично; како и сценски дизајни, инсталации и ефемерна архитектура.

За излагање под категорија 8 се подразбира активност на поединец или група, формални или неформални, кои со своето делување ги бранат интересите на пошироката заедница во врска со архитектурата и урбанизмот, објаснето е во пропозициите на повикот.

На 24. Салон на архитектура Нови Сад може да се пријават дела создадени или реализирани во последните три години, поточно 2022, 2023 и 2024 година, а кои не биле пријавени на претходниот Салон на архитектура.

„Со цел да се промовира добрата архитектонска и урбанистичка пракса во Војводина, посебно признание на Салонот ќе биде доделено на дела реализирани во Војводина, кои ќе бидат избрани меѓу делата пристигнати за категориите 1 и 2“ – истакнаа од ДаНС.

Една пријава може да содржи само еден труд, пријавен само во една категорија. Пријавите можат да се испраќаат на српски или англиски јазик, а целосниот текст на повикота можете да го прочитате или преземете овде.

Рокови

  • Краен рок за доставување трудови за селекција (електронски): 06.2024.
  • Резултатите од селекцијата на авторите ќе им бидат познати до: 07. 2024 година.
  • Рок за достава на плакати за изложбата и материјали за каталпг (електронски): 07.2024.
  • Отворање на Салонот и церемонија на доделување награди: 10. 2024 година.
  • Имињата на членовите на жирито накнадно ќе и бидат достапни за јавноста.

Формуларот за пријавување можете да го најдете на овој линк.

Испрати коментар

Scroll To Top