Насловна / Архитектура / Пријавете се за Brick Award 24 на компанијата Wienerberger

Пријавете се за Brick Award 24 на компанијата Wienerberger

Компанијата Wienerberger ги поканува сите заинтересирани да се пријават за Brick Award 24, која се доделува за најдобрите архитектонски проекти на кои се користени тули.

Brick Award е меѓународно призната награда и претставува награда за извонредна архитектура од тули.

За наградата Brick Award 2024, Wienerberger поканува архитекти, архитектонски критичари и новинари за архитектура од целиот свет да ги пријават своите проекти.

wn

Пријавување до 14 март

Наградата Wienerberger Brick, за прв пат воведена во 2004 година, е архитектонска награда која се доделува на секои две години за извонредни примери на модерни и иновативни архитектонски решенија во кои се користат тули.

Пријавите за проекти може да ги поднесат архитекти, критичари и новинари за архитектура онлајн до 14 март 2023 година. Можете да го пополните формуларот за апликација на официјалната веб-страница на Brick Award 24.

ww3

Учеството на конкурсот е бесплатно. Формуларот за пријава се состои од основни информации за проектот, краток информативен текст кој го опишува проектот, како и полиња за додавање фотографии и проектот на објектот.

Критериуми за оценување

Критериумите за оценување опфаќаат иновативен концепт на дизајн и архитектура, вешта и иновативна употреба на глинени градежни материјали, како и архитектонски квалитет во однос на естетиката, формата и конструкцијата на проектот.

ww1

Посебно внимание е насочено на одржливост, отпорност на климатски услови, енергетска ефикасност, достапно живеење – адекватност на проектот во однос на намената, типот на зградата и културниот контекст.

Значаен дел од проектот мора да се состои од глинени градежни материјали (блокови од тули, фасадни тули, глинени плочки, глинени ќерамиди итн.).

Поднесениот проект мора да се вклопи во една од 5-те дефинирани категории: (1) Чувствувајте се како дома, (2) Споделување на јавни простори, (3) Да се живее заедно, (4) Да се работи заедно и (5) Градење надвор од рамките на стандардите.

Проектите кои можат да се пријават треба да бидат завршени во 2020 година или подоцна и може да вклучуваат нови градби, реновирани и преуредени објекти.

Употребата на производите на Wienerberger не е релевантен фактор за учество. Проектот може да вклучува нови и повторно употребени тули.

ww2

Парични награди

Добитникот на Гран при (вклучувајќи ги и другите победници во категориите) ги очекуваат парични награди, како и престижната титула на носители на признанија.

Наградата се состои од паричен износ од 7.000 евра за добитникот на главната награда (воедно и победник во категоријата во која е пријавен проектот) и 5.000 евра за секој победник во преостанатите четири категории.

За повеќе информации, посетете ја www.brickaward.com

Испрати коментар

Scroll To Top