Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) ги известува своите членови дака Белорускиот сојуз на архитекти (Белорусский союз архитекторов) со поддршка на Министерството за архитектура и градежништво на Република Белорусија, како и Меѓународната асоцијација на синдикати на архитекти (IAUA) и Меѓународната асоцијација на архитекти (UIA) во рамките на XV Национален Фестивал на архитектурата од 2. до 21. октомври 2023 година во Минск, Белорусија го одржува X Меѓународното биенале на млади архитекти Минск Леонардо 2023 година.
Право на учество на Биеналето имаат архитекти на возраст до 40 години.
Повеќе информации и пријавување на веб-страницата: http://bsa.by/events/leonardo/o-biennale