Секогаш можеме да го искористиме нашиот простор и да направиме од него пријатно место за живеење. Со користење на одредени трендовски елементи, дневниот простор може да се трансформира во комфорен простор. Овој стан е дело на рускиот дизајнер на ентериери Станислав Борождински.
Овој стан се карактеризира со отворена основа. Истовремено, главен акцент во ентериерот е ставен на природните дрвени греди на плафонот кои даваат чувство на урбан и модерен простор.
Целокупниот мебел како во дневниот престој, така и во спалната соба, како и висечките светилки кои наликуваат на летечки чинии, даваат модерен и футуристички впечаток за просторот што, во секој случај, претставува храбар потег од страна на дизајнерот.