Хотелот CitizenM во Ротердам е дизајниран од страна на Concrete Architectural Associatesu, а тоа е петтиот во низата citizenM хотели што на мобилните светски патници и граѓани им нуди прифатлив луксуз во срцето на градот. Хотелот има 151 соби со површини од 14 метри квадратни. Овој синџир на хотели е осмислен според идејата дека голем кревет и едноставна и чиста бања е токму тоа што е потребно за гостите, кои се во градот заради разгледување или деловно. Јавниот простор е на првиот кат и го формира социјалното срце на хотелот. Големите прозорци на двете страни создаваат отворена и транспарентна атмосфера. Просторот е поделен во неколку области, кои вклучуваат дел за работа, дружење и релаксација.