Насловна / Архитектура / Прицкеровата награда за 2015 година постхумно доделена на Ото Фрај

Прицкеровата награда за 2015 година постхумно доделена на Ото Фрај

ото-фрај-1

Германскиот архитект Ото Фрај е добитник на најпрестижната награда во областа на архитектурата, Прицкеровата награда за 2015 година. Ото Фрај почина на 9 март оваа година на 89 годишна возраст. Наградата му е доделена постхумно поради своите визионерски идеи, вербата во слободното споделување на знаењето и инвентивноста, неговата колаборација и загриженоста за внимателно користење на ресурсите.

Неколку дена пред неговата смрт му било соопштено дека е добитник на наградата, и во тој контекст тој изјавил дека е премногу среќен и благодарен што ја добива наградата и дека неговата цел во архитектурата била да создаде нови типологии на згради во кои ќе може да се вдомат и најсиромашните, особено настраданите од природни катастрофи.

Ото Фрај успеал да продуцира имагинативни и креативни простори и да изврши големо влијание на полето на архитектурата. Негов најпознат проект е стадионот во Минхен за Олимписките игри во 1972 година.

ото-фрај-2

Испрати коментар

Scroll To Top