Архитектот на зданија од картон и хартија, јапонецот Шигеро Бан, ја доби престижната Прицкерова награда за архитектура за 2014 година. Негов омилен материјал се цевките од картон.
Жирито ја нагласи работата на Бан во различни региони, настрадани од природни непогоди, во рамките на која тој при проектирањето на зданијата експериментирал со бамбус, ткаенина и хартија.
Едно од неговите најпознати дела е обновената црква на Јован Крстител во градот Крајсчрч во Нов Зеланд, по катастрофалниот земјотрес во 2011 година, позната како Хартиен соборен храм. Ѕидовите во црквата се од контејнери, покривот од поликарбонат, и 98 столбови од картон.
Во 2000 година во Хановер, посетителите на Светската изложба можеа да го видат и оценат јапонскиот павилјон во должина од 72 метри, исто така направен од хартиени цевки.