Насловна / Градежништво / Причини за мала трајност на дилатациони системи на мостови

Причини за мала трајност на дилатациони системи на мостови

Проблемот за краток, функционален период на досегашните системи за обработка на дилатациони фуги е присутен на целиот светски пазар. Основна причина за проблемот е што, подготвените системи не се во состојба сто насто успешно да се приспособат  кон сите климатски услови, кон сите конструктивни системи и на секаква состојба на подлогата. До сега, ниеден предложен  дилатационен систем, не го издржал целиот функционален период на мостот.1

Оштетувања на подвижни лежишта од челичен мост

2

Оштетување на належна попречна греда од масивен столб

Досега ниеден проблем поврзан со обработка на дилатациони фуги на стара подлога (санација), или нова подлога ( нови објекти) не е решен со унифицирани системи. Мора да се придржуваме кон модифицирање на систематскиот систем на дилатационите фуги, да го приспособиме спрема разните услови на разни географски локалитети.

Најпродуктивен начин за надминување на проблемот е практичното искуство, создадено преку негативни и позитивни  резултати. Искуствените резултати се база за формирање на правец кон избор на нова модифицирана идеја, која преку анализа, измена и дополнување на дел од постојниот недоволно успешен систем, ќе го надмине делумно или целосно проблемот.

Секој проблем е проблем сам за себе. Тој се надминува со детална анализа за причините што придонеле за негово создавање.

3

Оштетување на крило и чело на масивен столб

4

Оштетување во зона на дилатација проследена со корозија на арматура

ФУНКЦИЈА НА ДИЛАТАЦИОНАТА ФУГА

Самиот збор дилатација означува континуирано движење. Движењето е во функција на температурни промени, сообраќајно оптоварување, смолкнување или движење на почвата, ветер, итн. Движењето е во сите правци подолжно, попречно, вертикално, а во зависност од формата на конструкцијата и торзионо.

Покрај движечките услови, дилатацијата кај мостовите е изложена и на механички оптоварувања. Таа треба да биде приспособена, оптоварувањата да ги прими од сообраќајот, да ги пренесе  и предаде на мостовската конструкција без нејзино оштетување.

Со досегашниот потценувачки третман поврзан со улогата на дилатационата фуга кај мостовите од страна на инвеститорите (одржувачи), проектантите (креатори) и изведувачите (реализатори), создадени се услови за забрзано оштетување на мостовските конструкции и потконструкции.

Според податоци од многу светски институции, кои извршиле анализи на функционирање на разни дилатациони системи во различни изведбени и експлоатациони услови, како и искуството на стручниот тим од „Синтек специфик“, заклучокот е дека: просечниот експлоатационен период на дилатационите фуги е пет години.

Податокот е загрижувачки во однос на амортизациониот период на мостовските конструкции. Загрижувањето во економска смисла не е толку големо доколку веднаш се преземе акција за поправка на дефектите, но загриженоста е голема од забрзаниот процес на деградација на елементите од мостовската конструкција, кои индиректно или директно се поврзани со дилатационите фуги.

Document-page-001

ПРОПУСТИ НА ДИЛАТАЦИОНИ ФУГИ ВО ПЕРИОД НА ЕКСПЛОАТАЦИЈА

Пропустите главно се проектантски, изведувачки и од надзорниот орган, како претставник на инвеститорот. Проектанските пропусти се присутни на новопроектираните мостови. Причината е недоволно посветеното внимание на улогата на дилатационите фуги во системот на функционалноста на мостовските конструкции. Како и изборот на дилатациониот систем според проспектниот материјал, не водејќи сметка околу условите што треба да ги задоволи дилатациониот систем. Прилог кон овој пропуст се ориентационите податоци презентирани во горенаведената табела.

Изведувачите на новите мостови треба да му укажат на проектантот за евентуалните пропусти преку градежен дневник. Пропустите, пак, на мостовите што се во функција, се голема одговорност за изведувачот, ако тој ги предлага методологијата за санација и изборот на дилатациониот систем, а притоа да не изврши детален увид на самото место и да ги согледа причините за дефектите.

Обично, причини за дефектите се:

5

Недоволен слој од полимер асфалт над дилатациониот зазор (мин. 8 см).6

Неадекватна ширина на дилатациониот зазор во однос на можноста на одбраниот дилатационен систем. Резултатот е тешко оштетување на дилатациониот елемент.

7

Појава на подолжни и попречни пукнатини во транзициониот малтер е погрешен избор на материјал.9

Неадекватна ширина на дилатациониот зазор во однос на можноста на одбраниот дилатационен систем. Резултатот е тешко оштетување на дилатациониот елемент.

10

Исфрлање на анкерите од дилатациониот елемент поради неадекватно анкерување и неадекватна должина на анкерите.

11

Оштетување на дилатациониот систем од зимско одржување, оштетување  на неопренскиот слој на дилатациониот елемент.

УСЛОВИ ЗА НАМАЛЕН СТЕПЕН НА ДЕФЕКТИ ВО ДИЛАТАЦИОНИТЕ СИСТЕМИ

Обврската за помали дефекти и продолжен експлоатационен рок на дилатациониот систем, вообичаено припаѓа на проектантите и изведувачите преку следните обврски:

  • Дилатациониот систем мора да одговара на статичните експлоатациони услови и сообраќајните оптоварувања.
  • Дилатациониот зазор (простор) мора да биде со рамномерна ширина во цел  хоризонтален и вертикален правец.
  • Дебелината на асфалтниот слој мора да биде усогласена со дилатациониот систем.
  • Одводот на атмосферската и процедната вода мора да се отстрани преку дренажа и лира вон дилатациониот зазор.
  • Нивото на дилатациониот систем треба да биде 3,0 мм под коловозната површина.
  • Транзициониот малтер од еластомерните дилатациони системи мора да биде компатибилен со сите допирни материјали (асфалт, неопрен, метал).
  • Инвеститорот преку службите за одржување при најмали дефекти да презема мерки за нивно отстранување.

ЗАКЛУЧОК

Нормално е дилатационата фуга да има помал експлоатационен век во однос на мостот. Зголемен број на материјали со различни карактеристики во еден дилатационен систем дава намалена едновремена отпорност кон оптоварувањето (механички, атмосферски, агресивни динамички влијанија и УВ зрачења) во однос  на основниот конструктивен материјал од мостовската конструкција. Тоа ќе значи, производителите, проектантите и изведувачите да се помират со присутната стварност, и да се откажат од понатамошен ангажман за изнаоѓање можност за надминување на постојните недостатоци и да понудат нови дополнувања на постојните системи или комплетно нови системи.

Јасминка Милановска, дипл.инж.град.
Лидија Тасевска

Испрати коментар

Scroll To Top