Fabian von Ferrari го дизајнираше ентериерот на P&T, специјализирана компанија за чаеви во Берлин, Германија. При осмислување на дизајнот, тој ја има предвид мисијата на P&T, да се доближи и стане попристапна културата за пиење чаеви до пошироката публика.
На слободностоечки полици-коцки и фиоки со лизгање, чаевите се наредени на практичен начин заедно со придружните информации, логично организирани според нивниот степен на оксидација.
Напуштање на конвенционалното аптекарско подредување и служење преку шалтер, корисниците се поканети да прошетаат низ полиците, да ги помирисаат чаевите, да прочитаат за нивните својства, потекло, производствени процеси и нивна дегустација преку припремен примерок на чај, кој стручно е приготвен на одредена температура и послужен во сад за чај во кинески или тајвански стил.
Просторно, оваа дегустација е во центарот, додека во заднина се ѕидовите со полици, кои формираат еден континуиран појас поврзувајќи ги сите соби заедно.
Презентациските коцки се дополнети со светлосни мрежни рамки кои овозможуваат функционално осветлување, но истовремено асоцираат на традиционалните кинески фенери и му даваат на просторот еден вид на поетичност.
Кинеската теорија на петте елементи игра голема улога во изборот на бои, што ја поврзува водата како основен елемент на чаевите, од црна до минералите во бела.
Целата палета на бои се движат меѓу овие две екстремни позиции во нијанси на сива, создавајќи мирна странична атмосфера, со што се потенцираат боите на природните чаеви и светлата боја на застаклувањето ги оставаат додатоците да зборуваат за себеси.