Две дела на италијанскиот ренесансен сликар и архитект Рафаело се откриени при реставрацијата на една од 1400 простории на музејот во Ватикан.
Се смета дека Рафаело Санти да Урбино насликал два алегориски лика кои претставуваат „Пријателство и Правда“, кратко пред својата смрт во 1520 година, на возраст од 37 години.
Од Ватикан соопштија дека делата се пронајдени во една од собите на Рафаелo, кои го носат тој назив, бидејќи се украсени со величествените фрески на сликарот.
„Сигурни сме дека платната ги насликал големиот Рафаело“, рече ватиканскиот музејски реставратор Фабио Пјачентини, а професорот Арнолд Неселрат, историчар на уметност во музејот во Ватикан, потврди дека двете отриени дела се „многу поквалитетно насликани од останатите дела“.
Историчарите на уметноста заклучиле дека Рафаело во Константиновата соба не успеал да доврши ниту една фреска, но до прераната смрт ги изработил сите цртежи.
Реставрацијата на собите на Рафаело, која започна во мај 2015 година, би требало да биде довршена следната година.