Насловна / Вести / При крај вториот дел од првата платформа за паркинг на река Отиња во Штип

При крај вториот дел од првата платформа за паркинг на река Отиња во Штип

platofrma4

При крај се конструкторските зафати на вториот дел од платформата во коритото на река Отиња во Штип. Првата платформа беше завршена лани, а при крај е и вториот дел. Изведбата на паркинг платформата во централното градско подрачје ја прави градежната фирма „Бауинженеринг“ за сума од околу 4,4 милиона денари. Веќе се поставени бетонските платоа, следи уредување на тротоарот со бехатон и на крајот поставувањето на последниот слој врз цементот.platofrma3

Оваа недела ќе биде пополнет делот помеѓу темелот на платформата и тротоарот од улицата „Васил Главинов“ кај ООУ „Ванчо Прке“ со што ќе се стабилизира и сообраќајницата. Платформата треба да биде финализирана до средината на август. Со вториот дел од платформата, ќе се добијат нови 15 места за паркирање во центарот.platofrma2 platofrma1 platofrma5

Испрати коментар

Scroll To Top