Насловна / Вести / При крај изградбата на новата градинка „Кочо Рацин“

При крај изградбата на новата градинка „Кочо Рацин“

gradinka koco racin (6)

Привршуваат градежните работи на матичниот објект на градинката „Кочо Рацин“.

Новата, најсовремена и најубава градинка во Република Македонија, градена по европски стандарди и со голема љубов за најмладите, ќе биде комплетно готова кон крајот на октомври. Ова, велат познавачите, е објект оригинален по изведба и со највисок капацитет, квалитет и долговечност.

gradinka koco racin (5)

Фасадата е енергетски-ефикасна, со тројна термичка заштита. Фасадниот ѕид ќе обезбеди максимална термо-акустична изолација. Изборот на боите, живи и колоритни, е во согласност со намената на објектот, како што прилега за најмладите.

При крај е опремувањето на кујната, која е современа, според ХАССП стандардите и ќе произведува 550 оброци дневно, за матичниот објект и двата клона.

gradinka koco racin (4)

Плафонот е обложен со материјал кој го апсорбира нечистиот воздух и бактериите. Производителот на плафонот гарантира противпожарност од 120 минути. Сите 11 занимални и сите тоалети се изведени со топло, водно, подно греење, кое е автоматски регулирано и обезбедува константна температура. Веќе е готова кујнската платформа (лифт), за безбедно пренесување на храната.gradinka koco racin (3)

Објектот изобилува со мноштво разработени материјали, при што највеќе е водена сметка за сигурноста на децата и желбата нивниот простор да биде и сигурен и безбеден. Секоја затворена занимална е директно поврзана со надворешна, врз која е поставена долготранјна, гумена подна подлога.

gradinka koco racin (2)

Големиот двор на матичниот објект на градинката „Кочо Рацин“ е опремен партерно, но на минимална површина, за да се задржи постојната зелена површина, а ќе се засади и нова.

Објектот на градинката „Кочо Рацин“ е со нето површина од 2.800 м2. За прв пат по 40 години, општина Центар добива нов простор за сместување, грижа и воспитување на најмладите.gradinka koco racin

Испрати коментар

Scroll To Top