Насловна / Вести / Преживеале само 21% од дрвјата во проектот „Ден на дрвото“

Преживеале само 21% од дрвјата во проектот „Ден на дрвото“

„Уништување на шумите со бесправна сеча, проблеми со екипирање на вработените во ЈП “Македонски шуми“, недостиг на човечки ресурси за локализирање и за спречување на пожари, …“ се само дел од наодите регистрирани од страна на Државната ревизија во ова јавно претпријатие. Од аспект на заштитата на шумите и екологијата, овде ќе ги споменеме некои од показатели во ревизорскиот извештај. Имено, сеуште не е воспоставен и не се води Катастар на шуми и шумско земјиште со цел евиденција на шумите и шумсокото земјиште. Последниот попис на шумскиот фонд во земјава е спроведен во периодот од 1978 до 1982 година. Сите овие пропусти во однос на „пописот“ и „описот“ на шумското земјиште, според ревизорот влијаат неосоодветно врз поставување на одржливи политики, стратегии и планирање во овој сектор.Во периодот од од 2006 до 2016 година во ЈП Македонски шуми евидентирана е бесправно пресечена дрвна маса од 168 255 м3 ,  пишува во ревизорскиот извештај. Утврдена е поголема потрошувачка на огревно дрво од страна на домаќинствата од евидентираната посечена дрвна маса.

Во периодот од 2008 до 2016 година, проектот „Ден на дрвото“, пошумени биле 12 869 хектари со 39.189 860 садници. Проектот чинел 13,6 милиони евра. Просечниот степен на прифатеност за вкупно пошумената површина од 12.869 хектари изнесува 21%, што претставува мал процент имајќи во предвид дека за успешно се смета пошумувањето во кое прифатеноста на садниците е во границите од 50 отсто до 60 отсто во согласност со воспоставените стандарди во шумарството, заклучиле ревизорите.

sumi1

sumi2

 

Испрати коментар

Scroll To Top