Денеска во Кина, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски ја имаше честа прв да го види првиот од шесте модерни возови кои ќе возат по македонските пруги.
Од кинеската корпорација CSR ќе се набавуваат четири дизел моторни гарнитури и две електромоторни гарнитури за превоз на патници во железничкиот сообраќај, и оваа компанија конечно би требало да го модернизира патничкиот железнички сообраќај во земјата, а министерот Мисајловски заедно со директорот на МЖ Транспорт Никола Костов ќе се сретнат со менаџментот на ЦСР и ќе разговараат за реализацијата на договорот.
Гарнитурите со капацитет од 1.200 патници треба да стигнат следното лето. Тие ќе бидат целосно климатизирани, опремени со вакуум тоалети, енергетски ефикасни и ќе ги задоволуваат сите безбедносни стандарди како и стандардите за превоз на лица со ограничена мобилност, односно ќе бидат произведени според техничките стандарди за интероперабилност на Европската Унија.
Договорот што се потпиша во 2014 година, опфаќа набавка на шест патнички гарнитури на возови, од кои четири се дизел-моторни триделни парнички гарнитури (ДМУ) и две триделни електоро-моторни гарнитури (ЕМУ).
Уште летово се очекува пристигнувањето на првиот воз, а другите неколку ќе пристигаат во следните месеци, етапно еден по еден.
Вкупната инвестиција за набавка на шестте возови е 24.980.000 евра.
Лани Владата соопшти дека планира голем инвестициски циклус во Македонската железница со изградбата на пругата кон Бугарија, реконструкцијата на железницата во Скопје како и набавката на нови вагони.