Насловна / Вести / Презентиран проект за отпадни води во Кочанско

Презентиран проект за отпадни води во Кочанско

Kočani

Швајцарската консултантска куќа „Ернест Баслер и Партнер“ денеска во Кочани го презентираше проектот за третман на отпадните води, финансиран од Швајцарската агенција за развој со еден милион швајцарски франци.

– Денешната средба всушност беше запознавање на пошироката јавност со проектот за подобрување на инфраструктурата на канализационата мрежа во Кочани и изградба на станица за  пречистување на отпадните води. Нашите очекувања од овој проект се големи, пред се во подобрувањето на животната средина, квалитетно собирање на отпадните води и нивно насочување во станицата за пречистување на отпадните води. Исто така со овој проект ќе придонесеме да се подобрат и услугите кон граѓаните од страна на КЈП Водовод, истакна Рето Бухлер, проект менаџер од Швајцарија.

Според Бухлер, Кочани е подготвено за еден ваков проект, кој е од огромно значење за жителите на општината.

Денешната презентација на проектот за третман на отпадните води во Кочани ја следеше и градоначалникот на општина Виница, Емил Дончев и претставници од КЈП „Солидарност“ кои исто така наскоро ќе се вклучат во реализација на ваков проект.

Испрати коментар

Scroll To Top