Во општина Белица, Република Бугарија денеска беше презентиран проектот за обновливи извори на енергија кој во изминатите 18 месеци го подготвуваа стручни тимови од општините Зрновци и Белица,во рамки на проект за прекугранична соработка, финансиран од фондовите на ЕУ.
– За овој проект се наменети 95 илјади евра. Од нив 40 илјади се за општина Зрновци, а 55 илјади евра за општина Белица, изјави Блаже Станков,градоначалник на општината Зрновци.
Со овој проект е изработена студија во која се содржани потенцијалите за обновливите извори на енергхија во двете општини. Во општина Зрновци, според Станков, ќе се гради хидроцентрала на постојниот водовод, ќе бидат поставени фотоволтаични панели за искористување на сончевата енергија, а ќе се искористи и биомасата која ја има во регионот.
По пат на јавно приватно партнерство, проектот ќе им биде понуден на заинтересирани инвеститори