Во просториите на хотел „Русија“ во Скопје, вчера се одржа презентација на тема „Современи методи за заштита, хидроизолирање и санација на армирано бетонски конструкции со примена на материјалите на АДИНГ и TPH Hamburg“.
Организатори на презентацијата се „АДИНГ“ и „Бизнис Центар АДИНГ“.
На презентацијата на којашто беше покажан голем интерес од градежната фела, предавачи беа дипл.инж. Никола Узунов од компанијата „АДИНГ“ од Скопје и град.инж. Миле Димитровски, сопственик на „РЕКО инженеринг“ од Скопје.
На самиот настан на практичен начин беа презентирани материјали и опрема кои се однесуваат на специфични теми од областа на градежното инженерство.
Темите беа „Видови и избор на материјали, технологија и опрема за инјектирање и нивна практична примена“, „Современи материјали и системи за санации и заштита на АБ конструкции“ и „Систем за обезбедување на водонепропусност на АБ-Конструкции БЕЛА КАДА“.