Утре во просториите на Архитектонскиот факултет – Скопје, 16.05.2014 (петок), со почеток во 12.00 часот, ќе се одржи презентација за ArchiCAD во соработка со компанијата Tondach – познат производител на трајни покривни решенија од природен материјал. На настанот свои обраќања ќе имаат директорот на hiCAD, Иван Хајзлер од Нови Сад, презентирање на ArchiCAD, односно функционалности и прикажување на документација на мобилни уреди од страна на Гордана Радониќ од hiCAD од Нови Сад и „BIM решение: Пресметка на кровни покривки и изработка на документација“ од Адван Куљух од Tondach од Сараево.