Насловна / Вести / Презентација на Студија за негативното влијание на ДУП-от за Карпош 4

Презентација на Студија за негативното влијание на ДУП-от за Карпош 4

Граѓанската иницијатива „Ние сме Карпош 4“, со поддршка на „Еко Свест“ во вторник од 18 часот во Кинотека на Македонија организира презентација на физибилити студија за градската четврт 3 02 – Карпош 4 во Скопје.

„Физибилити студијата е направена од стручни независни лица и содржи сериозни показатели за негативното влијание на предложениот Детален урбанистички план за градска четврт 3 02 врз животната средина, со анализа на еколошки и социо-психолошки параметри. Студијата е поддржана од УСАИД“, стои во повикот за настанот.Prezentacija-na-Studija-za-Karpos

Според организаторите, со студијата се докажува штетноста од донесување на овој ДУП и истовремено, како граѓани кои не можат институционално да придонесат за стопирање на донесувањето на овој Предлог ДУП, сепак, сметаат дека можат со свои иницијативи да придонесат за остварување на своите права според член 83 од Законот за локална самоуправа.

„Спроведувањето на Предлог ДУП-от ќе значи комплетно рушење на една хомогенизирана урбана заедница, каде повеќе од 40 години опстојува една  комплетна симбиоза на растителен и животински свет, а граѓаните ги уживаа привилегиите на еден мирен и спокоен живот. Овој ДУП не нуди економски и животен бенефит на граѓаните на Карпош 4“, стоеше во едно од писмата што „Ние сме Карпош 4“ ги испрати до градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

Испрати коментар

Scroll To Top