Утре, 16 мај 2014 година во 11 часот во просториите на Градежниот факултет во Скопје ќе има презентација на сончевиот симулатор Хелиодон. Исто така, вчера и денес се одржува работилница на која под менторство на проф. Норберт Лекнер (Auburn University Alabama, САД), студентите од Градежниот и Архитектонскиот факултет при УКИМ, како и студенти од приватните високо образовни институции работат на оваа тема.
Организатори на работилницата се: Друштвото за градежништво и трговија „Жикол“ и Здружението 2Е Енергетска Ефикасност.
Сочевиот симулатор Хелиодон е направа која служи за симулација на сончевото зрачење на одредена географска ширина, при определен датум од годината и во точно време од денот.
Оваа направа помага за одредување и реално прикажување на аголот на упадниот сончев зрак и вкупната соларна геометрија која би се рефлектирала врз објектот што е предмет на истражување и анализирање.