Насловна / Вести / Презентација на мерки за намалување на бучавата во Скопје и Битола

Презентација на мерки за намалување на бучавата во Скопје и Битола

Утре, на Техничкиот факултет во Битола, од 11 до 12 часот, ќе се одржи презентација на мерки за намалување на бучавата во Скопје и Битола.

Според Светската здравствена организација, бучавата од сообраќајот е втор најголем проблем во животната средина во Европската Унија, по загадувањето на воздухот. Бучавата го опфаќа секој звук кој влијае врз психичката и физичката состојба, така што ја попречува и ја смалува продуктивноста на работа, предизвикува вознемиреност и стресни реакции, го оневозможува одморот и штети на здравјето и на расположението. Изложеноста на повисоки нивоа на бучава доведува до предвремена смртност, кардиоваскуларни болести, когнитивни нарушувања, нарушувања на спиењето, хипертензија и на крај вознемиреност и сериозни психички пореметувања. Загадувањето со бучавата во градовите претставува сериозен здравствен проблем, а транспортниот сектор е главна причина за тоа.

MK-LOGO-COLOR (3)

Оттука, студенти на отсекот Сообраќај и транспорт на Техничкиот факултет – Битола извршија мерења на пет селектирани локации во Скопје и Битола, на кои има интензивен сообраќај и на кои се наоѓаат објекти кои се чувствителни на бучавата, како што се болница, училишта и станбени зони. Анализата за загадувањето од бучавата и предлог – мерките за намалување на бучавата ќе ги претстават проф. д-р Никола Крстаноски и вон. проф. д-р Бети Анѓелевска од Техничкиот факултет.

Презентацијата се организира како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, која ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.(www.reagiraj.mk)

 

Испрати коментар

Scroll To Top