Македонскиот центар за фотографија, Кинотеката на Македонија и Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје организира презентација на тема „Историја на фотографијата, преку збирките на фотографската фондација М+М Оер“.
Фотографското богатство на Фондацијата ќе го презентира основачот Мишел Оер, а се состои од над 50.000 оригинални фотографии кои потекнуваат од самиот почеток на фотографијата (1839) до денес, како и повеќе од 21.000 фотографски книги и преку 500 стари фотографски камери.
Фотографската фондација М+М Оер е основана во 2009 година со цел да се заштитат и промовираат постојаните збирки како и да се надополнат со нови фотографски дела. Преку организирање изложби на млади, но и неправедно заборавени фотографи секојдневно ја надополнуваат меѓународната фотографска енциклопедија.
Нивните публикации, како и организирањето работилници, предавања и семинари придонесуваат во разбирањето на фотографијата како медиум за креативно изразување.
Презентацијата ќе се одржи вечерва, 30-ти септември во 19 часот во Кинотека на Македонија.