Насловна / Архитектура / Презентација на Идејните проекти од конкурсот за нова Градска Болница

Презентација на Идејните проекти од конкурсот за нова Градска Болница

Министерството за здравство во четврток, 06.09.2018 година, со почеток од 13.00 часот, во Музејот на Современа Уметност, сала 3, организира јавна дебата за потребата од дисперзија на градски болници на повеќе точки на територијата на град Скопје.
На јавната дебата ќе учествуваат панелистите:
доц. д-р Венко Филипче, Министер за здравство;
прим. д-р Иван Спировски, в.д. Директор на Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“- Скопје;
Иван Арсовски, планер урбанист во Агенција за планирање на простор.
Модератор: Ана Зафировa
По завршувањето на јавната дебата ќе се одржи презентација на идејните решенија од конкурсот Идеен проект за новата Градска Болница во општина Аеродром.

bolnica

Испрати коментар

Scroll To Top