Како резултат на долгогодишните напори и вложен труд на сите тела и органи на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, како што веќе информиравме, на 1 декември 2022 година во Службен весник на РСМ бр.259 е објавен Ценовникот за инженерски услуги – ценовник за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата.
За да почне да функционира наплатувањето на проектите според Ценовникот и инженерите го наплатат својот труд, превземете го Ценовникот тука.