Насловна / Вести / Превоз за „избраните“ во случај на нуклеарна војна: Рускиот авион за „судниот ден“

Превоз за „избраните“ во случај на нуклеарна војна: Рускиот авион за „судниот ден“

Големите светски сили имаат планови за згрижување на своите челници дури и во случај на нуклеарна војна. Две држави – САД и Русија имаат капацитети да ги држат настрана од опасноста своите шефови на држави и важни воени званичници, за да можат и натаму да командуваат со сеопштото уништување, Додека САД го користат авионот B-4 на Boeing за оваа намена, Русија ги има своите летала „Иљушин II-80“. Авионот „Иљушин II-80“ за прв пат полетал во 1985 година, за западните медиуми за прв пат ги забележале авионите од овој тип дури во 1992 година.

iilyushin1

iilyushin2

 

Развиен врз основа на неговиот комерцијален колега „Иљушин II-86“, сепак II-80 многу се разликува од класичните патнички авиони. Нема прозорци, освен се разбира кај кокпитот, каде има и преграда за нивно блокирање. Ова е направено заради заштита од електромагнетен импулс или нуклеарна експлозија. Поседува најнапредна комуникациска опрема, како и два големи електрогенераторски модули. Во моментот во употреба се три вакви авиони (од вкупно четири произведени).

iilyushin3

iilyushin4

 

Испрати коментар

Scroll To Top